Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска проговори за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.
„Истрапевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина. Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери“, рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека притисоците ќе се зголемуваат.
„Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“, рече Вучиќ.
Тој вели дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина.
Вучиќ рече дека Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.