Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и вицепремиерот на Бугарија и министерот за транспорт, инфраструктура и врски Христо Алексиев денеска во Пирот договорија формирање заедничка Рработна група која ќе аплицира за заеднички проекти во областа на транспортот.

– Договорот е седница на Работната група да се одржи во Софија во февруари, а по тој повод на покана на министерот Алексиев ќе ја посетам Бугарија, што ќе биде можност за продолжување на разговорите за соработката. Темата на Работната група ќе биде отворањето на нови железнички премини помеѓу Србија и Бугарија, поточно на релација Видин – Неготин и Видин – Зајечар. Верувам дека на Европската комисија ќе и претставиме заеднички проект за уште една железничка врска помеѓу двете земји, посочи Весиќ.

Бугарскиот министер Алексијев се заблагодари за поканата и иницијативата за денешниот состанок.

– Бугарија многу инвестира во изградба на автопати и пруги од правец на Софија до Србија и затоа ја поздравувам иницијативата за обнова на пругата Ниш – Димитровград. Разговаравме за неколку проекти од взаемно значење и заедно ќе се залагаме пред ЕУ за финансиски средства. Еден од нив е и нов железнички премин помеѓу Бугарија и Србија, што беше предлог на министерот Весиќ и мило ми е што размислуваме во иста насока, наведе Алексијев.