Нов контингент од половина милион дози кинески вакцини од компанијата Sinopharm пристигна синоќа во Србија.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и амбасадорката на Кина, Чен Бо, ја пречекаа пратката од Кина на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Брнабиќ ѝ се заблагодари на Кина за донацијата, како и за поддршката на Србија за време на борбата против коронавирусот.
„Денес, кога го дочекуваме овој контингент, значи дека имаме милион и пол вакцини Sinopharm“, рече Брнабиќ.
Чен Бо го пофали процесот на вакцинација во Србија.