Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк изјави дека Србија има потпишано билатерални договори со американскиот „Фајзер“, руската „Спутник V“ и кинеската компанија „Синофарм“.

„Според планот за испорака, очекуваме дел до крајот на оваа година, прво на „Фајзер“, бидејќи први потпишавме договор со нив“, истакна српската премиерка и додаде дека тоа нема да бидат големи количини.

Премиерот на Србија изјави дека се надева дека Србија ќе добие и кинески и руски вакцини до крајот на годината, и дека потоа во јануари и февруари, Србија ќе има значително поголеми количини вакцини.

Зборувајќи за руската вакцина „Спутник V“, таа посочи дека Русија вчера испратила уште 50 примероци на руска вакцина против коронавирусот „Спутник V“ за нејзина регистрација во земјата. Таа им се заблагодари на своите партнери од Русија за соработката со Србија за тестирање на руската вакцина.

Таа исто така изјави дека постои можност за заедничко производство на руската вакцина во Србија, односно дека разговорите за тоа се уште траат.