Декларацијата од денешната средба во Тирана меѓу украинскиот претседател Зеленски и лидерите на земјите од Западен Балкан нема да вклучува повик за санкции против Русија по изричното барање на Белград, тоа го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува телевизијата N1, пренесува БГНЕС.

Тој подвлече дека Србија побарала од документот да отпаднат сите делови каде што се споменуваат санкции за Русија и нејзиното негативно влијание врз Балканот. Во истото време Вучиќ изразил благодарност до ,,пријателска Украина ” за тоа што истата не ја признала независноста на Косово.