Договорот на Џани Алиоски со Лидс му истече и речиси сигурно е дека тој во следната сезона ќе има нов клуб. Во трка за неговиот потпис се Галатасарај и ЦСКА Москва, барем така тврди спортскиот новинар Николо Скира. Како што објави тој на својот налог, агентот на Алиоски веќе почнал преговори со Галатасарај и инсистираат на четиригодишен договор. Целата ситуација будно ја следи ЦСКА Москва.

Инаку, во својата кариера Алиоски играше за Јанг Бојс, каде ја почна кариерата, потоа Шафхаузен, па Лугано, а последен негов клуб е англиски Лидс.