Премиерот Зоран Заев никако да ги прифати оставките на министерот Венко Филипче и заменик министерот за здравство, Илир Хасани. Прво Заев изјави дека ќе чека да излезат финалните резултати од вештачењето, а првиот извештај на Обвинителството не го убедил дека Филипче и Хасани се виновни.
Ако не бидат прифатени оставките на Филипче и Хасани, дали ќе бидат прифатени оставките на директорите на тетовската болница, Флорим Бесими и Артан Етеми? Заев рече дека тие доставиле неотповикливи оставки и на нивно место ќе бидат назначени други лица по локалните избори.
Од друга страна опозициските партии и натаму настојуваат Филипче и Хасани да бидат тргнати од функција. ВМРО-ДПМНЕ вчера доставила барање до Собрание за да се повика итна седница каде единствена точка на дневен ред ќе бидат барањата за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани. Лидерот на албанската опозиција, Зијадин Села, рече дека за премиерот поважен е Филипче отколку да ги утеши 14 семејства на жртвите кои избореа живи.