Пишува: Висар АДЕМИ
Сите дојдовме до заклучок дека државата, во најмала рака, не е функционална. Има многу причини за ова, но за мене 2 се основни.
1. Болното ЕГО на челниците на партиите, институциите и државата кои без професија влегоа во партијата и заминаа со професија, влегоа како сиромаси, а тие си заминаа како мултимилионери, влегоа како неуки и сега учествуваат во дебатни емисии како експерти за сите прашања за кои самите не натераа да трпиме.
2. КОРУПЦИЈА, која ја кородира секоја пора на општеството. Ние, од сите републики на поранешна Југославија, мора да признаеме дека бевме најсиромашни. Вратете се една генерација наназад – живеевме во неквалитетни куќи со фасади од кал, со голем број на неписмени, а главно живеевме од земјоделство. Сега замислете човек кој ја доживеал таа сиромаштија како дете и траумите што ги доживеале овие луѓе од немањето ништо. И сега таа генерација дојде на лидерски позиции. Ќе направат се што можат за да не се вратат во таа ситуација.