Транспаренси Интернешнл-Македонија по следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата ги соопшти актуелните за јуни 2024 година „бистри” и „матни” случаи.

Во „бистри“ случаи Транспаренски Интернешнл-Македонија ги наведува реакцијата од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата до Собранието на Република Северна Македонија за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа и случајот со инспектор од МВР кој беше обвинет за фалсификување документи и несовесно работење.

Транспаренски Интернешнл-Македонија во соопштението во „матни“ случаи ги нотира извештајот на Министерството за култура за случувањата во Агенцијата за филм, од ДКСК за застарени околу 80 предмети за функционери кои ниту поднеле анкетен лист, ниту платиле глоба, за тоа дека Антикорупција ќе бара одговорност од министерот за здравство Илир Демири, кој незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, за градоначалник кој си ја унапредил сопругата од работно место соработник во советник во општината, како и анкетата на Стопанска комора „Централната и локалната власт барале мито од приватниот бизнис“.