Руската православна црква ги нарече грешници сите лица кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека се осудени на барање опрост до крајот на животот.

Со податоците за повеќе од 24.000 нови случаи на коронавирус за 24 часа, од кои речиси 6.600 во Москва, руската црквата ги повика верниците да се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата во Русија се заразија повеќе од 5,6 милиони лица, додека вирусот, според официјалните податоци, однесе речиси 139. 000 животи.

Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев.

-Секој ден гледаме луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, што, несвесно, предизвикале нечија смрт. Грев е да се мисли само на себе, а не на другите, рече Иларион. (МИА)