Македонија во четврток против Романија на гостински терен со почеток во 20:45 часот ги стартува квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година. Во групата уште се Германија, Ерменија, Исланд и Лихтенштај.
ФИФА објави интересен текст, кој го посвети на 10-те ѕвезди, кои според нив заслужија да играат на Мундијалот. Меѓу нив се најде и нашиот Горан Пандев.
-Напаѓачот играше во голема форма во Лацио пред да се пресели во Интер и да им помогне да ја освојат познатата тројна круна во 2009/10. Пандев се уште импресионира во Серија А за Џенова. Макекдонија никогаш не завршила во топ три во квалификации за Светско првенство, но тие се освежени од учеството на нивното прво големо натпреварување, Европското првенство, пишува ФИФА.
Комплетниот текст на следниот ЛИНК.