Според денешните анализи направени од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар, се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.
Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар.
Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.