Сите раководители и управители на институциите работат секојдневно за да има што повеќе европски атрибути и дух во нашата земја и овој курс ќе продолжи и покрај епилогот од средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев. Ова го изјави високиот функционер на ДУИ и заменик министер за правда, Агим Нухиу, во „Патот кон…“ запрашан дали ќе се стопи мразот меѓу Скопје и Софија, по заедничкото патување на двајцата претседатели во Рим и Ватикан.
„Ние ја завршивме својата работа како држава, ги исполнивме сите критериуми, најголем дел од законодавството на земјата е веќе усогласено со законодавството на ЕУ. Нашите надворешни и безбедносни политики се исто така во линија со оние на ЕУ, сега работата на институциите на ЕУ, од една страна, е да им дадат приоритет на Копенхашките критериуми потребни за нови приеми, или да ја земат предвид билатералната пречка. Се разбира, овие позиции на ЕУ се исто така разумни, така што надворешните конфликти не се пренесуваат во институциите на ЕУ. Сепак, ние како држава немаме друг излез, освен да вложиме напори и да ги надминеме овие пречки“, изјави Нухиу.