Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски и државнaта секретарка Магдалена Несторовска присуствуваа на комеморативен собир во дворот на црквата „Св. Атанасиј“ во Брвеница, а по повод откривање на спомен биста во чест и вечен помен на загинатиот припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, Жарко Кузмановски, кој на 9 мај 2015 година, пред точно 7 години, како лидер на тим, извршувајќи службени задачи, заедно со уште 7 колеги, прерано го загуби својот живот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље, а во одбрана на Уставот и суверенитетот на својата држава.
На настанот присуствуваа и членови на семејството на Кузмановски, градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, претставници на Сојузот на воени инвалиди, претставници на Одборот на бранители, како и митрополитот Тетовско-гостиварски г-н Јосиф и претставници од Црковниот одбор на црквата „Св.Атанасиј“.
Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните. Во негова чест денес беше откриена спомен-биста во дворот на црквата „Св. Атанасиј” во Брвеница. Кузмановски кој беше член на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, загина на 9 мај 2015 година, пред точно 7 години, како лидер на тим, извршувајќи службени задачи, заедно со уште 7 колеги. Тој прерано го загуби својот живот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље, а во одбрана на Уставот и суверенитетот на својата држава, соопшти денес Министерството за внатрешни работи (МВР).