Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус по пауза од две години.

Искусниот 53-годишен тренер ќе ја одведе својата екипа до нови победи по разочарувачката сезона предводена од Андреа Пирло.

Алегри ќе биде многу повеќе запрашан за трансферите оваа сезона. Тој ќе биде тој што ќе ги донесе играчите, а на списокот на засилувања има неколку големи имиња.

„Кориере дело Спорт“ го донесе списокот на играчи кои Алегри ги посакува во својот тим, а меѓу нив е и името на играчот за врска Миралем Пјаниќ.

Барселона е подготвена во размена да го ослободи 31-годишниот играч за врска, додека Јуве сака да го донесе на позајмица со можност за откуп на договор.

Покрај Пјаниќ, на списокот на засилувања за новиот тренер на Старата дама се најде и францускиот играч за врска Пауло Погба, а се бара и нов напаѓач.

Алегри е заинтересиран за Душан Влаховиќ од Фиорентина, и фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди, и секако треба да се истакне дека Алваро Мората останува во клубот.

Јувентус исто така покажува интерес за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, а претходно Мануел Локатели и Џанлуиџи Донарума беа поврзани со доаѓањето во Торино.

Макс Алегри очигледно има големи планови кога е во прашање летниот преоден рок и ќе видиме колку од неговите желби ќе се исполнат.