Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски смета дека во модерниот фудбал повеќе однапред впишани бодови за фаворитите.
„Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел“, рече играчот од средниот ред на македонската фудбалска репрезентацијс.
На претходните три натпревари Македонија одигра три ремија иако беше подобриот тим во дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.
„Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе“, додаде Спировски.