Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје,за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор.
Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.
Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.