Манчестер Јунајтед и Рома во моментов играат полуфинален натпревар во Лига Европа.
„Црвените ѓаволи“ одлично го отворија вечерашниот натпревар и стигнаа до предност во деветтата минута.
Фудбалерите на Јунајтед одиграа фантастична акција. Кавани одлично го проигра Бруно Фернандеш, кој излезе сам пред голманот на гостите и погоди за 1:0.
Одличната акција и голот на португалскиот играч за врска можете да ги погледнете ОВДЕ.
Сепак, славјето на домашниот тим траеше само шест минути. Погба играше со рака во неговиот шеснаесетник, а судијата оправдано покажа на белата точка.
Одговорноста ја презеде Лоренцо Пелегрини кој погоди за 1:1 и ја врати Рома во натпреварот.
Погледнете го пеналот и голот на Пелегрини ОВДЕ.