Кометата која последен пат поминала покрај Земјата во времето кога неандерталците чекореле по неа, како протолуѓе, ќе го направи тоа повторно на 1 февруари 2023 година!
Станува збор за кометата „C/2022 E3 /ZTF/“, која била во „соседството“ пред 50.000 години.
На почетокот на февруари покрај Земјата ќе помине на растојание од 41,8 милиони километри. Моментално е оддалечен од Земјата околу 178 милиони километри.
Иако е доста стара за човечко мерење на времето, кометата беше официјално откриена дури во март минатата година.
Како што пренесува Daily Mail, научниците наведуваат дека кометата има зелена боја и жолта опашка составена од прашина.
Астрономите истакнуваат дека кога кометата ќе помине покрај Земјата, таа ќе биде видлива со голо око, под услов временските услови на 1 февруари да го дозволат тоа.
Последната комета која беше видлива со голо око беше „Новис“, која во јули воодушеви многу љубители на астрономијата.