Специјалците од „Тигар“ во содејство со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник
По упатен повик до Центарот за управување со кризи беше побарана помош од Министерството за внатрешни работи за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше. Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше одговорено на поставената задача и за кусо време се завршија подготовките за оваа спасувачка мисија.
Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска (09.02.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер.