Заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер во интервју за ТВ21 посочи дека Европската Унија се обврзала да ги почне преговорите за членство со Северна Македонија и важно е да си ја исполни обврската.
Тој додава дека еднакво важно е и ЕУ да постигне визна либерализација за Косово.
„ЕУ се обврза дека ќе ги почне преговорите за членство со Северна Македонија и важно е да си ја исполни обврската. ЕУ мора одново да го поврати кредибилитетот кој ќе ѝ овозможи да биде ефикасна во регионот. Мора да си ги исполни своите обврски“, порача Палмер.