
Припадници на специјалните единици на српското Министерство за внатрешни работи упаднаа во зградата на судот во Нови Сад, барајќи присутните веднаш да ја напуштат зградата.
Сите добиле предупредување дека ситуацијата е сериозна и оти не станува збор за лажен аларм, пренесува Блиц.
– Advertisement –
Според неофицијални информации, во просториите на судот е пронајдена сомнителен пакет и моментално се проверува дали навистина станува збор за бомба.