Во Мароко веќе трет ден се случува вистинска драма и во тек е голема спасувачка операција на петгодишното момче Рајан, кое падна во бунар.
Целата операција ја следат милиони луѓе во Мароко и ширум светот, а момчето е живо и се наоѓа во бунар длабок 32 метри, во кој случајно паднал додека си играл во градот Тамрут.
Снимката од камерата покажала дека момчето е свесно, а на детето му биле доставени храна и вода и маска за кислород.
Таткото на момчето Калид Агорам рече дека поминал часови барајќи го својот син пред да сфати дека паднал во бунар.
Спасувачите со пет багери ископале паралелна дупка, бидејќи се верува дека тоа е единствениот начин да стигнат до него, а успеале и да ја спуштат камерата за да комуницираат со момчето.
Според тамошните медиуми, надвор од бунарот го чека момчето хеликоптер кој ќе го однесе во болница.
Најголем страв кај спасувачите е да не се помрднат тлото и одроните околу бунарот.