Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека руските дипломати се протерани поради излегување надвор од нивниот дипломатски мандат.

„Северна Македонија е дел од НАТО, и тука сме на чисто и на јасно. Дали ги следиме активностите? Секако дека да, и она што се презема, протерување на дипломатите, е во насока на тоа дека службите добро си ја работат работата во заштита на интегритетот, безбедноста и суверенитетот. Знаеме зошто се протерани, но тоа е нешто кое е излегување надвор од нивниот дипломатски мандат“, вели Спасовски.