Министерот за внатрешни работи преку социјалните мрежи соопшти дека МВР спровело акција во соработка со Американската агенција за борба против наркотици ДЕА во која била запленета поголема количина дрога во вредност од 800.000 евра. Воедно бил уапсен полициски службеник.
-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.