Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека на територија на Македонија не се задржуваат мигранти.
Тој вели дека доколку се погледнат бројките во овие години, само околу 200 луѓе побарале азил, а тоа покажува дека не се заинтересирани.
„Ние имаме два транзитни центри – во Гевгелија и во Табановце, а бидејќи мигрантската рута не функционира тие се скоро празни, односно има многу мал број на лица мигранти кои ги фаќаме илегално на територија на Северна Македонија“, посочи Спасовски.