Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денес во обраќање до медиумите во Куманово потсети дека Куманово 11 години не падна пред режимот, гордо му пркосеше, опстои и остана како град на револуцијата.
„Куманово ќе победи и сега, бидејќи Куманово е социјалдемократски град, а Оливер Илиевски е единствениот кандидат социјалдемократ. Сигурен сум во тоа, бидејќи сум сигурен во вас, мои кумановци!
Бидејќи сум сигурен во Оливер Илиевски – „НАЈДОБРОТО за Куманово!”, потенцираше Спасовски.
Тој уште еднаш го истакна фактот што за 11 години владеење на режимот на ВМРО-ДПМНЕ тогашната централна власт има направено само две тениски игралишта.
„ Крваревме, се боревме, го урнавме режимот и со промена на Власта заеднички се согласивме – на Куманово треба да му се помогне, да му се врати сѐ она што му беше одземено за време на режимот.
Создадовме клима на меѓуинституционална соработка помеѓу институциите на централно и на локално ниво и се реализираа огромен број на проекти за Куманово со помош на Владата”, направи јасна дистинкција Спасовски.
Тој посебно презентираше дел од проектите кои Владата на СДСМ ги има имплементирано во Куманово овие 4 години.
„ Сто и дваесете милиони евра се вложени во Куманово и околината од Владата и институциите, од централно ниво. 120 милиони евра со кои ги бришевме раните и трагите кои ги остави режимот и уште не можеме да ги залечиме. Рехабилитиравме над 85 километри локални и регионални патишта Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае – Слупчане – Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово – Крива Паланка, регионалниот пат од село Војник до Страцин и Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир како главни патни инфраструктурни артерии коишто ќе креираат можност за развој на целиот овој регион, и многу други кои не беа чепнати повеќе од 50 години.
Направивме три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е за техничкото училиште. Градиме фекална канализација во село Тромеѓе, ги заменивме водомерите во Куманово, , го градиме рекреативниот центар Студена вода, изградивме фекална канализација во село Речица, Се работи и на пругата Бељаковце – Крива Паланка”, наброи дел од проектите Спасовски.
Тој посебно се осврна на неговото минатогодишно ветување за реконструкција на три важни проекти: познатата „Соколана”, спортската сала и Спомен-костурницата кои веќе се реализираат.
„Затоа драги мои Кумановци, повеќе од важна е комуникацијата и соработката меѓу локалната и централната власт.
Затоа Оливер Илиевски и неговиот тим цела година го скенираа и анализираа Куманово, секое негово маало, секоја негова уличка, секој негов паркинг, секој негов граѓанин. Имаат програма со проекти и решенија за целосен развој на Куманово какво што треба да биде. Европски, модерен, урбан град, град на соживотот. Тоа е Куманово, градот на револуцијата!Затоа со новиот градоначалник Оливер Илиевски ќе продолжиме да работиме на сите проекти за кои централната власт може да помогне.”, финално потенцираше Спасовски.
На крај ги повика кумановци да го дадат својот глас за „НАЈДОБРОТО”, за Оливер Илиевски, за кој е сигурен дека ќе донесе проекти за сите кумановци, а Владата ќе има обврска сите да ги финансира и реализира.