Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека морале да го спречат оддржувањето на Вевчанскиот карневал со цел да се спречи ширењето на пандемијата.
„Ништо спектакуларно не се случи во Вевчани, договорите кои ги постигнавме со Вевчанци не се испочитуваа. Од политички причини сакаа инцидент и сензационалност“, изјавил во интервју за МТВ, министерот Спасовски.
Тој го повтори апелот до граѓаните да ги почитуваат мерките и со тоа да му помогнат на здравствениот систем и на медицинските работници.
„Јануари е полн со празници и затоа апелираме да престанат групирањата и доследно да се почитуваат мерките.“повика Спасовски.
Според него, посветеноста на полициските службеници придонела за намален број инциденти и пријави за новогодишните празници.
„Работевме многу во делот на превенција уште пред празниците, како и за време на празниците. Задоволни сме затоа што овие празници поминаа со најмалку пријави за нарушување на редот и безбедноста“, истакнал Спасовски.