Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција појасни дека Уредбата што ја изгласала Владата не предвидува промена на полициските униформи за единиците кои работат на републичко ниво – како што е единицата Тигри.

Албански униформи ќе имаат само полицајците кои работат во општините или градовите каде албанскиот е службен јазик согласно Законот за употреба на јазиците.

„Се работи за локално ниво, за амблеми на униформи на локално ниво во градовите каде што службен јазик е албанскиот. Во меѓувреме, во централните служби, распространети низ државата, нема да има промена во делот на униформите, истото ќе биде и кај единицата „Тигар“, рече Спасовски.