Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил им го честиташе Рамазан Бајрам на граѓаните од исламска вероисповед.

– Во мое и во име на МВР ви упатувам искрени честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости – Бајрам Шериф Мубарек Олсун! Светиот месец на муслиманите повикува на молитва, на преиспитување на личноста, на правење чекор кон себе, за да крајот на Рамазан донесе бројни благодети за обнова на духовната сила. Нека светлината на Месечината го осветли патот кон дарувањето – љубов кон најблиските, солидарност кон немоќните. Честит и благословен Рамазан Бајрам! За многу години нека е пријатели!, пишува министерот Спасовски.