Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога – пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, објави Спасовски на својата ФБ страница.
Од 2017 наваму, раководството на МВР стратешки зазема бескомпромисен став за сериозна борба и спречување на овие појави. И во 2022, како врвен приоритет останува ефикасниот и координиран одговор, а со краен резултат успешна борба против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот, сајбер-криминалот, пишува Спасовски.