Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на ФБ се пофали за активностите на МВР во изминатата година. Како што вели тој разбиени се 5 криминални групи за тргоција со дрога и наркотични сретства, а биле пресечни 12 меѓународни канали за шверц.

-Во периодот од јануари-октомври 2021 година, во делот на сузбивање на недозволена трговија со дрога извршени се вкупно 390 претреси на дом и помошни простории, 320 прегледи на лица/возила и едно пребарување на терен, а поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ мерки од овластувањата се преземени кон 914 лица.

Пресечени се 12 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, при кои разбиени се пет криминални групи, а откриени се и три насади со марихуана на подрачје на Охрид, Струмица и Тетово, како и две лаборатории за производство на марихуана во станови во Скопје.

Поднесени се вкупно 190 кривични пријави против 260 сторители за 188 кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест дела „овозможување на употреба наркотични дроги“, четири дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и др, објави Спасовски.