Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во „Утрински брифинг“ изјави дека според нивните оперативни сознанија Сашо Мијалков никогаш не ја напуштил државата, а поконкретно рече дека цело време бил во Скопје. Иако имале привични сознанија дека можел да бега, Спасовски вели дека поради законските ограничувања полицијата не можела да делува во ниту еден случај во насока на неговото движење.

-Не ја напуптил државата, тој беше во државата. Јас тоа го кажав и на прес конференцијата, според сето она што го прават на оперативно ниво колегите, ние сме убедени дека е во државата, заради тоа што навистина се преземаа опсежни мерки, изјави Спасовски кој вели дека во Скопје бил Мијалков.

Спасовски воедно изјави дека се води истрага за Мијалков, односно се бараат лицата кои би можеле да бидат поврзани и помагатели за бегството на екс директорот на УБК.

Назначен е и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство кој ќе го води случајот, како посебен за бегството на Мијалков.