Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот,, А1 он”, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови.

Спасовски бара од Реџепи јавно да се извини во рок од три дена за изнесената клевета. Во спротивно ќе ги преземе сите институционални мерки за заштита  на своето достоинство и интегритет.

Ваквите изјави нема да ја поколебаат Управата за извршување на санкции да се справува против девијантните однесувања а неселективната борба против криминалот и корупцијата во казнено поправните установи ќе продолжи и во наредниот период.