Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека тој не бил на чело на МВР кога била распишана потерницата за македонскиот допломат кој пред неколку дена беше уапсен во Србија.
Потерницата е распишана, од страна на Ерменија, на 25 февруари 2020 година, изјави министерот за внатрешни работи.
-Во 2019 година има информации што ги добива Министерството за внатрешни работи, во смисла дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка. За тоа веднаш е известено Министерството за надворешни работи, меѓутоа во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Потерницата е распишана, од страна на Ерменија, на 25 февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев. Што е направено во тој момент, дали е известено МНР, јас немам детални информации за тоа. И нормално, сега кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за кои сигурно и МНР ќе ги даде сите информации што се потребни, изјави Спасовски.