„Последната техничка проверка на автобусот на „Беса Транс„, што изгоре денес во Бугарија, била направена на 5 октомври годинава“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата што вечерва се одржа во Владата.

Тој дополни дека истрагата ќе каже што се случило за да дојде до ваква трагедија.

Спасовски се заблагодари на институциите на Бугарија и на Амбасадата на Бугарија во Скопје за заедничката соработка и активностите што биле превземени во текот на денот.