Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека откако тој е на функцијата постојано се намалуваат жртвите во сообраќајот, на денешниот настан со Амбасадата на САД за заокружувањето на проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери“.
„Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите нон стоп се на патиштата и нон стоп се во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. 2013 година сме имале 198 жртви, а 2021 сме имале 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата, или ако сакате, од моментот кога јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалување на тешки телесни повреди, сериозни штети, итн, изјави Спасовски. Проектот ,,Мобилен систем за снимање со камери“ е донација од еден милион и 61 илјади долари од САД. Камерите се поставени на полициските службеници кои регулираат сообраќај, а примената почна во 2016 година.