Oдносите на државно рамниште меѓу Македонија и Бугарија се на добро ниво, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостувањето на ТВ Шења, на прашањето за односите источниот сосед и нападите врз бугарските клубови, односно „дали станува збор за подготвено сценарио за Македонија да се насочи на друга страна, надвор од евроатланската перспектива“.
https://www.facebook.com/zoom.sm1/videos/657847812764294
-Се појавуваат тензии, ги нарушуваат тие добри односи и тоа е пред сѐ од радикални структури кои постојат и во двете држави. Меѓутоа ние немаме официјален државен став на Бугарија кој наликува на оној на радикалните структури, со негирање, и со сето тоа што се случува. Провокации имаше и од едната и од другата страна. Сметам дека ниту еден граѓанин нема да реагира доколку имаме клубови за култура и други активности за соработка, меѓутоа иритираа именувањата на тие клубови со имиња на одредени фашисти кои што се практично рана и предизвикуваат негативна перцепција за македонските граѓани. Оваа држава – треба да ни биде на сите јасно – дека е изградена, изродена врз база на антифашизмот и нормално е дека таквите постапки ќе предизвикуваат реакции. Тоа не смее да биде причина да немаме добри односи денес, бидејќи не можеме да живееме во историјата, истакна Спасовски.