Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска заедно со раководството на СВР Скопје положи цвеќе на Споменикот на бранителите во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, по повод 23-годишнината од загинувањето на полициските службеници Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски.

– Семејствата на загинатите бранители упатија барање до МВР и Полициската станица Гази Баба да се преземе организацијата за годишното одбележување, за што од страна на министерот Спасовски и началникот на СВР Скопје, Даневски беше изразена согласноста од наредната година да биде организирано одбележувањето од страна на ПС Гази Баба, велат од Министерството за внатрешни работи.

Тројцата полициски службеници во 2000 година загинаа во вооружен напад во Арачиново