Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград да помине мирно.
„Генерално имаме одлична соработка со сите безбедносни служби, министерства од регионот и тоа е наша задача – да се сочува пред сѐ националната безбедност и сигурност на граѓаните и државата, меѓутоа да ја зачуваме и сите заеднички нашата регионална безбедност. Така да постојат информации, податоци, се разменуваат, се прават проценки на ризик во секој од овие делови и апсолутно мислам дека како што се преземаат мерки во Република Северна Македонија за организација на било кој настан, ќе треба да се обезбеди и тој настан којшто се реализира во Бугарија“, рече вчера Спасовски























