Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека е затворана групата „Јавна“ соба на апликацијата Телеграм, но ги повика граѓаните да бидат внимателни затоа што на истата апликација има друга група.
„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите“, напиша на Фејсбук Спасовски.
Тој се закани дека сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.
Полицијата денеска приведе четири лица, двајца од Битола и по еден од Велес и Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм.
Премиерот Зоран Заев предупреди дека ако апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаат и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето кај нас.