Денеска точно напладне до Собранието ќе биде доставен списокот со предлогот на новите министри од страна на мандатарот Димитар Ковачевски, но и програмата на Владата. До крајот на неделата се очекува новата влада да биде изгласана. Што се однесува до ДУИ, таму нема да има промени, освен тоа што ќе го отстапат Министерството за информацичко општество. Алтернатива ќе добие три министерски места.
Предложени министри од СДСМ:
– Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.
– Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер
– Вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.
– Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.
– Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.
– Министер за правда, Никола Тупанчевски, познат професор на Правниот факултет.
– Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен министер во овој ресор.
– Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.
– За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.
– Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект.