Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска на брифинг со новинарите соопшти дека екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема да се гони за случајот „Виа комерц“, пренесува Независен.мк

Надлежната обвинителка рече дека постапувале по анонимна пријава, која била за гонење на екс министерот по членот 353 односно злоупотреба на службената положба и овластување, но истрагата покажала дека немало нанесена штета на државата и дека немало причинско-последична поврзаност меѓу непотпишувањето на документот за технички преглед и несреќата во Бугарија на автобусот на „Беса Транс“. Како што е познато, станицата за технички преглед „Виа Комерц“ издала решение за исправност на автобусот на “Беса Транс“, со кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.

„Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал три дена по случувањето на сообраќајната несреќа, иако законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена. Практично, решението е потпишано  по повеќе од три месеци откако е донесено“, соопшти додека беше на функција поранешната шефица на ОЈОГОГ, Вилма Русковска.

-Донесовме одлука дека нема простор за кривично гонење на министерот Оливер Спасовски, откако случајот беше покренат по анонимна пријава“, соопштија од Обвинителството.

Превземено од Независен.мк