Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска го осуди случајот со мажот од Арачиново кој вчера брзо возеше со автомобил „бентли“ на скопскиот плоштад.

„Имаме неодговорни граѓани кои се однесуваат бахато во такви услови. Важно е дека полицијата веднаш постапува. Не е доволна казната за возачот. Тука треба да се размислува, да има казни кои би биле подрастични. Не се времињата во кои некој така може да се однесува на плоштадот“, рече Спасовски.