Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од денеска до 15 септември 2023 година во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на  Конференција на министри за внатрешни работи, во рамки на Берлинскиот процес.

Како што најавија од МВР, тој ќе се обрати во рамки на две сесии на теми „Интегрирано гранично управување на Западен Балкан”, „Регионална соработка во борбата против организиран криминал”, и „Партнерство за сајбер безбедност на Западен Балкан”.

Министерот Спасовски треба да оствари серија билатерални средби, со министрите за внатрешни работи од Република Албанија и Кралството Шпанија, Таулант Бала и Фернандо Гранде-Марласка Гомез, како и со директорката на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ), Мариа Монтсерат Марин Лопез.

На маргините на Конференцијата, се наведува во соопштението од МВР, министерот Спасовски ќе оствари средба и дружење со еминентни личности од Република Северна Македонија кои работат и делуваат во Република Албанија