Денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со претставници од граѓанската организација „Евротинк – Центарот за европски стратегии“ со цел продолжување на претходната успешна соработка со министерството за внатрешни работи на полето на транспарентноста и отчетноста на полицијата кон граѓаните.

На состанокот беа сумирани резултатите од претходниот заеднички едногодишен проект „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија“.

„Се согласивме дека неговата имплементација придонесе за подобрување на околината и условите во кои полицијата функционира особено во областите транспарентност, отчетност и инклузивност при носење на одлуки за работата на полицијата.“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски изрази задоволство дека МВР со Евротинк влегува во имплементација на два други проекти „Подобрување на транспарентност и отчетноста на полицијата во Република Северна Македонија“ и „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ за следниот период 2022 – 2024 година. Договорено е потпишување на меморандум за соработка кој ќе помогне во имплементацијата на овие потфати во следниот период.

Од неодамна презентираните резултати на организациите кои се занимаваат со демократските права, слобода на медиумите и транспарентност на институциите, МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот, односно Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност.

Како МВР остануваме посветени кон создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите, граѓански