„Eден од уапсените луѓе во акцијата „Двојник“ е оној што ги извадил документите на 27 јануари и тие документи од тој датум се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа лице работи во правните служби токму на издавањето на личните документи.
Втората можност за да се добијат сите овие податоци е периодот кога човек на ВМРО-ДПМНЕ раководеше со МВР“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното гостување во „Само вистина“, откако беше запрашан како податоците за аферата стигнале до опозицијата, но и дали МВР ќе ги информираше граѓаните за аферата доколку тоа не го стореше партијата на Христијан Мицкоски.