Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку социјалните мрежи, честитајќи го 4-ти јули, Денот на независноста на САД, порача дека граѓаните на Северна Македонија не забораваат дека САД биле со нас и во најголемите предизвици.
-Благодарение на вашата несебична поддршка успеавме да ја вратиме демократијата во нашата држава, да тргнеме во вистинската насока и во остварување на нашите стратешки цели – да станеме полноправна членка на НАТО, да продолжиме по зацртаниот пат кон Европската Унија, да изградиме стабилна и безбедна демократска држава, со подобрен меѓународен углед и поголеми слободи и права за граѓаните, за што од срце ви благодариме, напиша Спасовски.