Горд сум што за првпат во 2017 година именуваме Командирка на Полициска Станица, жена и тоа не било каде, туку во Општина Теарце, албанка која стана прва Командирка на ПС и отвори можност и перспектива, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој додава:

Најголемиот Граничен Премин во државата, Богородица, го раководи жена, Началник на Одделение за Внатрешни работи во Кавадарци е жена, Началник во Крим полиција во Прилеп е жена, Командирка на ПС Кисела Вода е жена и низа други оперативни позииции коишто ги имаме, вели Спасовски.