Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одбива да ја коментира кандидариањето на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски како независен кандидат.
„Секој сам одлучува како ќе постапи. Јас мислам дека семејството, во овој случај, политичкото семејство е пред се. Интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес ќе настапиме и во Куманово, изјави Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5.
Спасовски тврди дека после внатрешните анализи ќе се објават и имињата на останатите кандидати на СДСМ за градоналчаници.